x

Вардарци „експлодираа“: Вратете нѐ веднаш во Скопје!!!

„Спортмедиа“ во Анталија беше сведок на тмурна и темна ситуација во таборот на најтрофејниот македонски првак. Вчера на фудбалерите им беше соопштено дека Сергеј Самсоненко и дефинитивно се откажува од фудбалскиот колектив, и дека сите играчи може да си бараат клубови.

Играчите веднаш побараа да се вратат во Скопје, иако подготовките се веќе закажани, платени до 4. февруари, а остануваат уште две пријателски средби против Борац Бања Лука и против Мура. Меѓутоа истите сега „висат“ и постои можност да не бидат одиграни.

Фудбалерите барале враќање назад уште денеска, но тоа не било можно поради тоа што не е едноставна процедурата за менување на повратните авионски билети. Но информациите се дека играчите можно е да се вратат веќе во сабота, три дена порано од предвиденото.

Утре е сламката на спасот за Вардарци по средбата на Сергеј Самсоненко со Петре Шилегов и можеби Град Скопје да го превземе управувањето со клубот, по што ќе испрати веднаш свој претставник во Анталија да ги продолжи подготовките. Но тоа само доколку би биле успешни преговорите утре.

Играчите денеска официјално добија слободен ден од стручниот штаб, иако тоа не беше предвидено. Но им требаше вакво нешто по шокантната одлука. Дел од нив заминаа во Анталија, дел останаа во хотелот „Титаник“.

Откажувањето на Самсоненко е поради тоа што се водат тешки судски спорови за објектите на плоштад, односно Официрскиот дом како и хотелот до него.

„Спортмедиа“ ќе ве информира за сите најнови вести поврзани со лидерот на табелата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата