x

Ван дер Варт на СП гледаше Холандија – Србија, мина 10.000 километри за девојка

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Холанѓанецот Рафаел Ван дер Варт беше главна ѕвезда на трибините во салата во Кумамото на ракометниот меч меѓу Холандија и Србија во рамките од Светското првенство за жени.

Неговите сонароднички играа меч од групната фаза на Мундијалот, но тој не патуваше 10.000 километри за да ги бодри нив, туку за да и даде поддршка на својата девојка, ракометарката на Есбјерг и холандска репрезентативка Естевана „Лала“ Полман.

Ван дер Варт важи за голем заводник, но повеќе од година дена е во врска со девет години помладата Лала, а имаат статус на еден од најубавите парови во Холандија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата