x

Ван Дајк: Сами се победивме и ја прифаќам целата одговорност за поразот

Вирџил ван Дијк ја презеде целата одговорност за синоќешниот пораз на Ливерпул на гостувањето кај Арсенал. Капитенот на новиот англиски шампион призна дека головите што противникот ги постигна биле „подароци“.

„Мислам дека нивниот прв гол е комплетно наша грешка. Доминиравме, ги притиснавме и поведовме, но потоа по двата гола кои ги дадоа беше тешко да се вратиме. Создадовме некои шанси, но кога ќе примите такви голови тешко е да се вратите во натпреварот. Ја преземам целосната одговорност и продолжуваме понатаму. Сакавме да победиме, особено гледајќи го начинот на кој изгубивме, но не можеме да ги промениме фактите. Ќе се обидеме да ги добиеме последните два меча и да добиеме заслужен одмор. Да не заборавиме каква фантастична сезона имаме“, потенцира Ван Дијк.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата