x

Ван Бисака испрати 20.000 чифта ракавици во ДР Конго

Арон Ван Бисака играчот на Манчестер Јунајтед е роден во Англија, но никогаш нема да ги заборави корените од каде што потекнува. Неговиот татко на Островот присгитнал од ДР Конго, за чија што репрезентација Ван Бисака дури и има еден настап во младинските категории.

Затоа, во овие тешки моменти, Ван Бисака не заборави каде неговата помош е најпотребна, па за Конго испрати помош во вид на 20.000 чифта медицински ракавици, неопходни за заштита од Коронавирусот.

Ван Бисака е само еден од многуте фудбалери кои во моментов покажаа дека не се само богати спортисти туку и дека нивното тешко заработено богатство знаат да го споделат на вистински и правилен начин.

 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата