x

Ванда: Ако Икарди загуби нема секс, не ме ни погледнува

Сопругата и менаџерката на аргентинскиот напаѓач во редовите на ПСЖ Мауро Икарди, Ванда Нара е двократно задоволна. Од една страна Икарди одлично се вклопи меѓу „светците“ и на 17 натпревари постигна 13 гола, додека од друга страна и таа има бенефит…

„Мауро е 100 проценти професионалец, нема секс пред натпревар само после, но ако мечот помине добро. Доколку загубат тогаш не ме ни погледнува“, призна Ванда Нара.

Ванда е седум години постара од Мауро и е мајка, но и натаму ’напаѓа’ на социјалните мрежи и во јавноста со својот провокативен изглед.

„Мауро е седум години помлад од мене и поради тоа некогаш знам да сум несигурна. Сакам да бидам секси и тоа го покажувам јавно, но всушност се кријам зад ликот кој го прикажувам на Инстаграм. Едноставно ја кријам несигурноста“, додава Ванда.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата