Познатиот хрватски имунолог д-р Среќко Сладолjeв се врати од Брисел од дебатата за вакцините каде настапи како предавач, што првично требаше да се одржи во Европскиот парламент. Но, иако беше објавено јавно, само неколку дена пред предавањето беше забрането и преместено во сала во близина на парламентот.

Тоа е многу необичен потег да се негира демократска дебата за медицинска постапка како што е вакцинацијата. Имаше задушување и очигледно прикривање за настан што требаше научно да ја објасни безбедноста на вакцините што се инјектираат на сите Европејци, на некои дури и присилно.

Затоа го прашавме д-р Среќко Сладолјев за неговите сознанија и впечатоци а тој, меѓу другото, ја праша и „професијата“: Ако вакцините не треба да се тестираат, дали тие воопшто се лекови?!

– Г-дин Сладолјев, што всушност се случи во Брисел, напишавте на вашиот Фејсбук дека „ситуацијата е полоша отколку што мислиме“? На што?

Тоа е лично искуство за сликата на светот околу мене. На Фејсбук, јас сум послободен да го изразам тоа што го чувствувам. Им се обраќам на оние кои поради некоја причина ме препознаа како „пријател“. И дали можеме да им веруваме на нашите пријатели? 

Заради нивното здравје, медицинскиот третман на нешто што ни се натура со „пиштол ставен на нашите чела“ не треба ни да се испитува! Како и да звучи, тоа е теорија на заговор! За сите други медицински случаи можам да барам второ мислење, едните доктори ќе ме советуваат да ја исечат ногата, а другите ќе решат – во никој случај! За секој медицински третман човек има право на второ мислење и консулатции со лекарски конзилум но, за вакцините тоа не се дозволува. Ако вакцините не треба да се тестираат, дали воопшто се вакцини и дали се воопшто лекови?

Според годишниот извештај за промет со вакцини тој вреди 30 милијарди американски долари, тоа е „инвестиција“ во многу голем „бизнис“? Ставете го сега сами сето тоа во контекст на фактот дека јавната дискусија за вакцините е спречена од страна на Европскиот парламент, кој наводно е храм на “слободниот свет“.

– Во еден од оние написи за пропаганда на вакцинирањето прочитав дека децата кои се вакцинирани се изложени на ризик да бидат заразени од другите кои не примиле вакцина? Ве молам објаснете ни како може да бидат заразени тие деца ако се претходно веќе вакцинирани, дали ова значи дека вакцината воопшто не заштитува, дека само ја продаваат приказната за заштита?

Такви заклучоци можат а донесат само обезглавени жаби. Заклучуваат дека невакцинираните деца се носители на болеста заради невакцинирање. Тоа се опасни тези. Децата не се разболуваат по свој избор, но ги обвинуваат дека тие ги загрозуваат вакцинираните деца. Па зошто воопшто постои вакцинирањето ако за нив не може да им биде заштита од тие болести?

– Можете ли да ми кажете, додека се студираат медицински науки, колку просечен студент во сите години учи за вакцини и вакцинации и што ги подучуваат? Дали мислите дека нашите лекари не се доволно запознаени со темата вакцини?

Тие воопшто не учат за таа материја. Едноставно, попат ќе им се рече дека тоа е добро, и тоа е тоа. Да не постои сомневањето и критичко размислување на претходните медицински „вистини“ никогаш не би се оддалечиле од медицинскиот канон на Авицена. И тогаш оние кои мислат подлабоко ги прогонувале како што тоа денес се прави со скептиците за вакцинирањето. 

– Дали би ги вакцинирале вашите деца денес според календарот за вакцини во Хрватска?

Имам три малку постари деца. Тогаш кога вакцинирањето беше актуелно за нив не бевме свесни за функционирањето на вакцината. Сите тие се вакцинирани според календарот. И сите имаат проблеми со алергија, некои со астма. За разлика од многу други тие дури поминаа добро. Денес не би го вакцинирал ни Буки, моето куче.

– Вие самите велите дека не сте против вакцинирањето, дури мислите дека треба да се вакцинираме, но не присилно и не со вакцина од игла. Ве молам објаснете ни го тоа?

Опасноста од вакцината доаѓа од несоодветно формулирање на информациите и адјувантот на вакцината, засилувачот на таа информација, кога се вбризгува во телото со игла! Се создава имуно-провоцирачки „џеб“ од кој со месеци се објавуваат кванти на лажни информации. Поради адјувансите, џебот не е еден туку претставува стотици убоди, кои со месеци го малтретираат имунолошкиот систем сè додека не се распадне формулата на вакцината!

Провокацијата не доаѓа однадвор од мукозните мембрани на физиолошки предвиден и организиран начин, туку однатре, со насилна пункција на кожата, орган што е таму за да го спречи тоа! Природна имунолошка реакција има проток, почеток и крај. Вакцина која предизвикува ваков процес е дадена со игла – и тогаш нема крај на разбивањето на имунитетот. Сосдадениот џеб под кожата испраќа (дез) информации без можност на телото да овозможи ресетирање и отстранување на тие негативни процеси од имунолошкиот систем.

Таму е загатката на потеклото на автоимуна болест. Поедноставено речено, функционирањето на животот се сведува на одбрана и негување (раст). Во фаза на одбрана, крвта се упатува и тече до екстремитетите, а кога се храни тоа се случува со земање од дигестивниот тракт. Додека се брани, телото е под стрес и не се храни. Ако стресот трае премногу долго, здравјето е нарушено. Истата работа се случува кога се вакцинира со игла. Имунолошкиот систем е вештачки доведен во состојба на постојана одбрана, стрес, што се манифестира со пренасочување на метаболичката енергија на организмот за потребите на имунолошкиот систем!

Оттука се јавува и познатата состојба на слабост, наводно „благ“ несакан ефект по вакцинацијата. На пример, откако над двесте медицински сестри во Шведска примиле “свинска“ вакцина не можеле да дојдат на работа заради слабост. Зарем тоа не е јасен показател за она што се случува на метаболичко ниво?

Особено е лошо кога на ваков имунолошки стрес се изложуваат децата. Календарот за примање вакцини во САД предвидува уште во првите шести месец од животот вакцини кои создаваат дури 45 „џебови“ на дози од вакцините, до возраст од 18 месеци дури 64 и до возраст од 4-6 години 74 имунолошки бомби, џебови од вакцинирањето со игла во телата на децата.

Така, секое дете добива „оброк“ со уривање на имунизацијата еднаш месечно, до шестгодишна возраст, секој месец! „Доктрината“ на вакцината всушност ги задржува децата во постојан имун стрес со години!

 

Последиците се следниве: секое второ дете во Америка страда од хронично заболување или е дебело. Секое шесто има тешкотии во учењето (невролошка дисфункција, евентуално поврзана со вакцини), секое девето страда од астма (имунолошка дисфункција), секое дванаесето страда од алергија (имунолошка дисфункција), секое десето дете страда од нарушување во однесувањето (АДХД, невролошка дисфункција можеби поврзана со вакцини)?, секое дваесето страда од некаква форма на епилепсија (напади, невролошки дисфункции на неконтролирано нарушување на мозокот, евентуално поврзано со вакцини?), на секои 45 деца едно страда од некакво нарушување во спектарот на аутизмот (невролошки дисфункции веројатно поврзани со вакцини) и така натаму.

Ужасниот здравствен картон на американски деца е секако последица на континуираната злоупотреба на имуниот систем со вакцини дадени со игли кои потоа во текот на целиот живот не создаваат услови за стекнување и одржување природен имунитет! По оваа грешка – нема враќање назад.

– Во интервју за Слободанка Далмација рековте дека постои врска помеѓу вакцината и почетокот на аутизмот, сега ве молам кажете ни која е, според вас, главната цел на оние што ги влечат конците и одлучуваат? Намера човештвото да се држи во постојани болести за да им се продаваат фармацевтски производи од кои се добиваат големи профити? Или намалување на човештвото, депопулација?

Не сум сигурен за теоријата на заговор, но сигурен сум дека имаме духовна, морална и социјална регресија на Хомо сапиенсот, на човештвото, движење кон лажната големина на сопственото Его. Карактеристиката на егото е неисцрпна глад за важност и моќ. Грабањето богатства е негова алатка. На Егото никогаш не му деволна таа моќ што ја има, а ни богатсвото не го задоволува и постојано бара уште. Погледнете ги нашите примери. Егото смета дека „лек“ од сите стравови со кои се соочува е во уште повеќе пари и поголема моќ. Егото не може да разбере дека се „лечи“ со погрешен лек, Егото смета дека има премалку „лек“! Во таа состоба нема емпатија, чувство за другите. Другите се средства, но и објекти за реализација на повеќе пари и моќ. Ни преостанува само постојано да се противиме на тие процеси, да се бориме против тие цели.

– Што треба да правиме за присилна вакцинација и пропаганда? Како да се заштити општеството од ова ментално мобинг?

Обраќањето до професијата и институциите е бескорисно. Се примнеува метод на апсолутна вистина – дека “се знае“ мислењето на професијата. Која е таа „професијата“ не знам, бидејќи нашите лекари јасно кажаа преку етичкиот комитет дека „присилното вакцинирање е неетичко“ и „лекарите можат да го одбијат тоа повикувајќи се на право на совеста“. Големиот Брат со аутизам кој знае се и гледа се ја прогласи вакцинацијата задолжителна и ги санкционира родителите кои се против тоа. Тој се повикува на „професијата“. И така го затвораме кругот и се навраќаме на првото прашање.

(Dnevno.hr)