Пристигнати се сите вакцини за грип, а за време на викендот ќе се направи дистрибуција, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

„Спремни се пунктовите во Здравствениот дом и во Центрите за јавно здравје, и вакцинацијата ќе започне од вторник“, рече министерот.

Филипче на денешната прес-конференција повторно апелираше до граѓаните да се придржуваат кон мерките за заштита од Ковид-19.  Тој нагласи дека вирусот е широко распостранет, и најмало невнимание или отстапка може да значи инфекција.

извор: Makfax