Приоритет во вакцинирањето против Ковид-19 ќе имаат сите здравствени работници од ковид центрите и оние коишто работат со заболени или сомнителни пациенти, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Според министерот во првите ќе се вакцинираат  граѓаните над 65 години и пациентите со хронични болести, во делот на хронични белодробни и кардио-васкуларни болести, понатаму вработените во критичната инфраструктура и секако во транспортот.

Тој додаде дека планот, според медицинските експерти, е 60-70 проценти од популацијата да ја прими вакцината, што би било доволен процент за стекнување имунитет.

Вакцината нема да биде задолжителна, но ќе биде бесплатна, а според д-р Милена Стевановиќ децата нема да се вакцинираат.