Министерот за здравство Филипче на денешната прес конференција најави дека очекува вакцините против Ковид-19 кај нас да стигнат во март.

– Сите земји ги имаат истите активности, фокусирани се на вакцината како и ние. Најавата преку Ковакс системот, иако не конкретно, е дека вакцините треба да ги добиеме во месец март, како ние така и останатите земји од регионот кои имаат случено договор преку Ковакс систелот, рече Филипче.