Голема радост, солзи радосници кај играчите и селекторот Ангеловски, но и малку невообичаена глетка. Имено по големи резултати и успеси се креваат на раце тренерите, селекторите, играчите, но по мечот со Грузија на раце беше кренат претседателот на Фудбалската федерација Муамед Сејдини. И самиот не можеше да ја скрие голема радост дека ете нашата репрезентација се пласира на ЕП и тоа за првпат. Тој ќе биде впишан како прв претседател кој во негов мандат репрезентацијата на Македонија успеала да се пласира на Европско.
Ете вака се слави пласман на ЕВРО…