x

Вака се поздравува македонски шампион во Хрватска (видео)

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе објави видео од прославата на неговата втора титула како европски шампион во ридско-брзински стази (ЕНСС) во 2015 година. Таа година Иџе ја прослави титулата по последната трка во Хрватска, а беше пречекан од бројни Македонци но и Хрвати кои му честитаа на титулата. Додека се вееа македонски знамиња и се палеа факели, во позадина одеше популарната песна „Македонија“ од Дадо Топиќ.

Македонија за првпат од нејзиното постоење има двократен европски шампион во автомобилизам,историски успех кој е запишан на европските тркачки патеки, погледнете во каков амбиент беше пречекан нашиот шампион во освојувањето на европскиот трон на последната трка во Хрватска, благодарност до HRT за оригиналната снимка, поклон до небо на сите Македонци кои дојдоа на оваа трка и секако Хрватската публика кои направија ова да биде величенствено”, напиша Иџе на својата страница на Фејсбук.

Инаку Иџе има две титули во ридско-брзински стази, а првата ја освои во 2014 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата