Српскиот претседател, Александар Вучиќ долго време се дружеше со кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ а неговото заминување длабоко го потресло.

-Заминувањето на големиот Шабан не е болка само на неговото семејство туку е голема загуба за целата земја. Смртта на малкумина ја погоди вака целата земја, целиот народ, како и што беше пред три дена кога разбравме за трагедијата. Шабан беше другар на сите нас и оние што сите го познаваа сите го сакаа. Дури и оние што не го познавале го гледаа како член на нивните семејства. Тука не станува збор само за неговата професионална работа и тоа што никој немал глас како неговиот. Тешко дека овторно таков глас ќе се роди. Тој имаше и посебна душа. Сакам во мое име и во име на партијата која ја водам да им се заблагодарам на негоото смејсто за тоа што ни овозможи да ни помогне. Издејствувавме многу победи во изминиатиот период, последните три кампањи… ни помагаше, освен што пеше на луѓето им говореше зошто е важно да се избориме за нормална иднина на Србија, вели вучиќ и додава кај Шабан го воодушевила љубов спрема блиските.

-Пленеше од љубов спрема неговата сопруга Гордана и неговото семејство, а она што најголем впечаток ми остави е љубовта кон неговиот внук, кој едно време играше за Црвена Ѕвезда. Колку многу се лутеше шабан на тренерите кои што немаа доверба во малиот Лука АджиќТој толку многу го сакаше и добро го познаваше фудбалот. Неверојатно беше да се гледа таа волшебна љубов, а Шабан така убаво зборуваше за внукот, што беше прекрасно за слушање. На крај уште еднаш сакам да изразам длабоко сочуство на неговото семејство. Колку и да му звучи на некому патетично, цела Србија е во жалост. Уште еднаш фала ти, легендо, се опрости Вучиќ од големиот пријател.