x

Бујар Ислами – тренер на Ренова: Алашкерт е силна пречка, но не се предаваме!

islami-alaskert

Ренова ќе има има шанса да ја “одмазди“ Македонија ЃП која минатото лето со вкупни 1:6 беше елиминирана од Алашкерт. Токму тимот од Ерменија е ривалот кој го доби нашата Ренова во рамките на 1.квалификациско коло во Лигата на Европа. И тој еден меч ќе се игра во Ерменија.

Првата реакција после ждрепката од Нион од таборот на Ренова ја има Бујар Ислами, шефот на струката на “гипсарите“.

Па, нема што многу да се дискутира. Од она што можеше да ни се падне веројатно Алашкерт за нас беше најпосакуван ривал. Но и таков ривал против нас секако дека ќе биде фаворит, посебно поради фактот дека се игра кај нив дома. Веќе почнавме со анализи, знаеме дека Ерменците лани ја елиминираа Македонија ЃП, ќе биде тешко, тоа е јасно. Алашкерт е силна пречка, но ние ќе се обидеме да ја прескокнеме, нема предавање однапред“ заклучи Ислами.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата