x

Бујар Ислами: Се знае кој е Хајдук, ние одново сме аутсајдери, но не се предаваме!

islami-vtora-slika

Ренова ја имаше таа „среќа“ за ривал во 2. квалификациско коло во Лигата на Европа да го добие еден Хајдук. Тим од Хрватска, еден од најславните во екс- СФРЈ.

За разлика од првата рунда, сега Ренова ќе биде домаќин, но сепак, како што вели стратегот на „гипсарите“ Бујар Ислами, хрватските “били“ се големи фаворити…

Зарем треба да се трошат зборови за тоа кој е Хајдук. Еден од најголемите клубови на овие простори. Можам со часови да зборувам за тоа што значи овој клуб од Сплит за фудбалот во Хрватска, за фудбалот на овие простори. Без разлика што ќе се игра кај нас, секако без публика, сметам дека ние одново сме аутсајдери. Но до 17 септември ќе настојуваме да го анализираме ривалот, да видиме дали има помалку добри страни и тоа да го искористиме. Во фудбалот се е можно, ние не се предаваме“, изјави за СПОРТМЕДА тренерот на Ренова.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата