x

Бујар Ислами: Само бодовите се бројат!

bujar-pandevci

Ренова на мечот со Академија Пандев победи со 2:0 и успеа да дојде до првата сезонска средба во ПМФЛ. Во меч од 3.коло во ПМФЛ, момците на тренерот Бујар Ислами со голвите на Селмани и Јашаровски ја продолжија агонија на “пандевци“ кои еве веќе 15 натпревари во серија немаа победа.

За СПОРТМЕДИА стратегот на тетовци истакна:

“Ја сакавме оваа победа и дојдовме до неа. Мислам дека во целост ја заслуживме, одигравме крајно борбено и јас им честитам на моите играчи. Рано го отворивме резултатот, но уште во првиот дел требаше да ги решиме сите дилеми околу победникот, промашивме многу зицери, имавме и стативи погодено. Во финишот гостите можеа да не казнат, но сепак победата е наша, и само бодовите се бројат“изјави Ислами.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата