Поранешниот американски претседател републиканецот Џорџ В. Буш, му ја честиташе победата на новоизбраниот претседател Џозеф Бајден. Но, тој исто така изјави дека сегашниот претседател Доналд Трамп има право да побара пребројување на гласовите.

Буш рече дека разговарал телефонски со новоизбраниот претседател Бајден и му ја честитал победата. Тој додаде дека Американците можат да имаат доверба дека американските избори „во суштина биле фер, дека ќе го задржат својот интегритет и дека резултатот е јасен“, пренесува Ројтерс.

Тој исто така и честиташе на Камала Харис за изборот за потпретседател.Буш рече дека сегашниот претседател Доналд Трамп има право да побара пребројување на гласовите и да поведе судска постапка.

извор: Makfax