ВАШИНГТОН, 23 ОКТОМВРИ (МИА) – Американскиот претседател Џорџ Буш е во предност од пет отсто пред неговиот претседателски противкандидат, Џон Кери, две недели пред изборите закажани за 2 ноември, покажуваат резултатите од анкетата нарачана од телевизијата Еј-Би-Си. Според резултатите, 51 отсто од анкетираните изјавиле дека ќе гласаат за Буш, додека 46 проценти се изјасниле за Кери.