Бушава Ката!
Потребни состојки:
2 јајца
2 лажици маст, или маргарин – путер
300 грама шеќер
1 пециво
1 ванила
мармалад
Брашно онолку колку што е потребно тестото да се двои од садот.
Ги мешате сите состојки заедно, без мармалад, каде што треба добро да бидат измесени за да се добие посакуваното тесто.
Тестото кое не се лепи за садот го делите на два дела.
Едниот дел го распоредувата во плех или тавче со величина 26, потоа го премачкувате со мармалад.
Вториот дел од тестото го рендате над тестото кое е премачкано со мармалад.
Вака подготвено се пече на 200 степени и во тек на печење постепено се намалува како не би изгорел горниот дел кој е порозен.
Пред крај проверете дали е добро испечено со помош на чепкалка.
На крај додека е сеуште топла посипете ја со прав шеќер во кој имате додадено ванила и оставете ја да се лади.
Може да се служи на гости, се користи и како доручек со чаша млеко или чај или едноставно кога и да посакате.