– Самите партии, откако ќе направат анализа, немаат многу добиено од претседателот кој го поддржале. Кога победи Киро Глигоров – настана судир со тогашната влада, тој судир тлееше. Еве сега Андов излезе со едно негово мислење дека то судир заврши со еден атентат. Не знам колку е издржано, но тој судир постоел.

Потоа испадна..нели ние го избравме Трајковски, па испадна дека со Глигоров имавме подобра една година кохабитација, отколку со претседателот што го избравме подоцна.

Не знам какво е искуството на Владо Бучковски со Црвенковски, но знам дека не беше розово, имаше такви шпекулации.

– Во моментот кога некој ќе стане претседател, покрај тоа што опозицијата и другите од другата страна напаѓаат дека тој извршува некаква улога, за жал морам да кажам дека за последниот двоец Груевски – Иванов тоа има многу логика. Тоа беше идеална комбинација. Сите други повеќе имаа проблеми отколку што се радуваа на таа победа. Така што на крајот, тоа е фунцкија за престиж на партијата дека победила, изјави екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски.

Владо Бучковски пак, надополни:

– Не е само престиж претседателската позиција. Во 2004 од позицијата Премиер се кандидираше Црвенковски за претседател, веројатно тоа беше најкардиналната грешка, следеше и нашиот пораз. Но и тогаш, ако изгуби дотогашниот премиер на претседателски избори, јасно е дека ќе има предвремени избори на кои ќе дојде до промена на власта.

Тогаш не беше спорна разликата, беше спорен цензусот, изјави екс лидерот на СДСМ и премиер Владо Бучковски.

 

Ова е на 22 минута од видеото: