x

Бутел Скопје „осигура“ лев бек на уште две сезони

rk-butel

Левиот бек на Бутел Скопје, Христијан Милошески, го продолжи договорот со тимот за уште две сезони.

Иако прилепчанецот има актуелен договор и за оваа сезона, сепак раководството на Бутел реши да му понуди нова соработка до 2022/23 година.

Милошески има 21 година, потекнува од составот на Филип Прилеп, беше дел и од вториот тим на Вардар, а го носеше дресот и на Работнички.

Бутел Скопје ќе учествува на струшкиот турнир, во првото коло ќе се сретне со Охрид, по што ќе следат дуелите со Е.Пелистер 2 и Вардар.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата