Повеќе од 30.000 луѓе останаа без струја во четвртокот попладне откако Шведска ја погоди првата бура во 2019 година, пренесува „Локал“.

Сега енергетските компании предупредуваат дека може да потрае и цела недела додека електричната енергија биде целосно вратена во сите засегнати делови. На многу места, електричната мрежа е целосно уништена и ќе треба повторно да се изгради од нула.

Бурата Алфрида силно го погоди Упланд на источниот брег на Шведска со ветришта посилни од 30 метри во секунда, корнејќи ги дрвјата, предизвикувајќи голем прекин во транспортот и  огромен број прекини во електричната мрежа струја.

Огромното мнозинство на засегнатите корисници се во округот Стокхолм.

 

извор: Makfax