x

БУНДЕС ЛИГА: Баерн ги избрка „музикантите“ – 6:1, хет-трик на Кутињо!

Актуелниот шампион Баерн им се врати на победите. Денеска на својата „Алијанц арена“ го демолираа Вердер со 6:1 и покрај тоа што гостите први постигнаа гол. Милот Рашица реализираше убав погодок, но потоа на теренот постоеја само „баварците“. Кутињо изедначи, Левандовски го сврте резултатот. Во второто полувреме шампионот го сотре „музикантите“ со тоа што им даде уште четири гола (Кутињо два пати, уште еднаш Левандовски и еднаш Томас Милер).

Кутињо го постигнува првиот хет-трик за Баерн, а исто така е првиот бразилски фудбалер со три гола за Баерн на еден меч после славниот Џовани Елбер во 2003 година.

Борусија Дортмунд славеше убедлива победа кај Мајнц. Се очекуваше триумф на „милионерите“ и тоа се случи. Ројс, Санчо, Азар и Шулц ги постигнаа головите за победа од 4:0 на жолто-црните во мечот со Мајнц.

Келн го изненади Баер Леверкузен. Го совлада со 2:0, а од помош им беше хаотичната игра на гостинскиот тим кој остана дури со двајца играчи помалку на теренот токму во моментите кога се одлучуваше победникот.

Црвен картон доби Драговиќ, па Келн поведе преку Кордоба, потоа „поцрвене“ Бејли, а домашните со голот Борнау зголемија на 2:0 и победија.

Во другите денешни натпревари: Падерборн- Унион Берлин 1:1, Херта  – Фрајбург 1:0

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата