x

Бундеслига: Нема потреба од маски за резервите и двојно повеќе новинари на трибини

Резервните фудбалери во Бундеслигата повеќе не треба да носат заштитни маски за време на натпреварите, изјавија германските фудбалски власти. Тие ги олеснуваат мерките за борба против ширењето на коронавирусот.

Германската фудбалска федерација и Германската фудбалска лига објавија дека официјалните лица од тимот и персоналот, со исклучок на медицински лица и четвртиот судија, повеќе нема да носат маски за лице се додека не ја одржуваат дистанцата.

Исто така промена има и кај бројот на преставниците на медиумите кои можат да присуствуваат на натпреварите. Тој се удвојува, од 13 на 26.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата