x

Бум – Бум Шкендија, да се знае кој е кој! (ВИДЕО)

skendija-radost1

Најдобрата партија на Шкендија во последно време. Токму кога беше најпотрено, во дербито на 14. коло, во битката за првото место. Голема победа од 5:0 против Македонија ЃП која беше целосна надиграна, понижена. “Лавовите“ едноставно не знаеја каде беа во текот на сите 90 минути. Толку од толку фалениот состав на тренерот Тасевски.

МЕГА ТАЛЕНТОТ ЕЛЕЗИ СТРЕЛА

Уште во 11.минута мега – талентот Дашмир Елези постигнува убав гол за глава за водство, прекрасна аистенција на Ибраими, Се редат акциите и шансите за Шкендија. Гостите преку Филиповски се заканија, но Захов прекрасно одбрани. Во 35.минута нова асистенција на Бесарт а Дориев мајсториски стрела за 2:0. Сепак не може а Несарт да не даде гол. Се играше 39.минута кога “бомбардерот“ успеа да ја тресе мрежата за конечни 3:0 во првиот дел.

Во вториот дел Шкендија како малку да дигна рачна, има даде нешто да играат на гостите,а тие освен на моменти желбата не направија ништо. Во финишот нов атак кон голот на гостите, и два гола. Прво Нафиу од десно постигна супер гол, за да неколку минути и Тотре се запиша во листата на стрелците за конечни 5:0.

Одличен настап, фантастична партија на Шкендија. Едноставно покажа во моментов кој е кој.

А „лавовите“ како мачиња…

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 5:0 (0:0)

Градски стадион во Тетово. Гледачи: /. Судија: Јован Качевски (Струга). Стрелци: Елези 11, Дориев 35., Ибраими 39., Нафиу 86., Тотре 89. (ШКЕ). Ж. Картони: Кривак, Зејнулаи (ШКЕ), Ковачев, Китановски (МАК).

Играч на натпревар: Бесарт Ибраими (Шкендија).

ШКЕНДИЈА: Захов, Павич, Бејтулаи, Ибраими, Тотре, Елези (76. Нафиу), Дориев (79. Ес Саххал), Мурати (79. Незири), Зејнулаи, Дита (74. Рамадани), Кривак.

МАКЕДОНИЈА ЃП: Стевковски, Атанасковски, Китановски, Личина, Божиновски (71. Божиновски), Калид, Адем (74. Настевски), Филиповски, Ковачев, Воша (74. Петров), Фернандо (81. Фернандо).

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата