Бугарскиот државјанин Г.С.К.(45) поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“, синоќа бил уапсен на магистралниот пат во близина на с.Сушица, струмичко, бидејќи по извршен преглед на неговото товарно возило „волво“, биле пронајдени и одземени 2000 кутии цигари.

За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: Makfax