Бугарските царински инспектори пронајдоа два тона канабис во камион со бугарски регистарски ознаки кој се движел кон Белгија, соопштија царинските службеници.

Камионот бил запрен на бугарската граница со Романија, пренесува бугарската агенција БТА. Возачите на камиони, кои се државјани на Бугарија, се задржани 72 часа, а обвинителството ќе побара нивно притворање.

Тие се соочуваат со казна од 10 до 15 години и парична казна. Товарот и моторното возило се запленети.

извор: Makfax