Спрема најновите податоци на Евростат, Бугарија е прва најсиромашна земја во ЕУ, а после неа е Хрватска.

Податоци за потрошувачка по глава на жител во 2019. година покажуваат дека Хрватска и Бугарија се на самото дно во Европската унија, пренесува порталот Индекс.

Податоците на Евростат покажуваат дека девет земји членки по критериум на материјална добивка на домакинстава се над просекот на ЕУ.

Најбогат е Луксембург кој е со 35 отсто над европскиот просек, следи Германија со 22 отсто.

Во групата земји кои создаваат индивидуална потрошувачка имаат од девет до 18 отсто над просекот на ЕУ се Австрија, Данска, Белгија, Холандија, Франција и Шветска.

Во таа група не е Романија, но е многу повеќе пред Хрватска која ја надмина во 2015 година. Таа година двете земји биле на 58 отсто на просекот во ЕУ, а сега по новите податоци кои ја опфаќаат 2019. година, Романија е на 79 отсто од просекот на ЕУ, а Хрватска на 66 отсто.