Бугарското население на годишно ниво се намалува за по 50.000 жители, а 110.000 луѓе годишно умираат, изјави Елица Димитрова, експерт по демографија, јавува БТВ.

Таа изјави дека Бугарија е една од земјите што имаат сериозен демографски проблем. Во тековната година на национално ниво се очекуваат 60.000 деца помалку, што претставува нов негативен демографски рекорд за Бугарија.

Во периодот од 1 јануари до 1 декември 2017 година, се родиле 58.000 деца, а во 2018 година се родени 53.543 деца.

Видин е еден од бугарските градови со алармантни демографски показатели. Во 2017 година имало 572 новороденчиња, додека во 2018 година овој број паднал на 330.

извор: Makfax