Изградбата сметаат дека нема да се коси со актуелната законска регулатива.

– Сметам дека даваме добар предлог, кој е во согласност со идеите на Енергетската унија. Доколку оваа идеја биде реализирана, гасниот „чвор” ќе се полни од неколку извори, а не само од гасоводот што ќе минува по дното на Црното Море, изјави бугарскиот вице-премиер Томислав Дончев.

Тој прознава дека ќе претстојат многу тешки преговори со службите на Еврокомисијата и со земјите-членки на ЕУ, но сепак верува дека оваа идеја не е однапред осудена на пропаст.