Свештеникот Роџер Матасоли беше пронајден мртов во неговиот дом со  закачен крст во грлото.

19-годишно момче е уапсено во Франција за бруталната одмазда и убиството на свештеникот педофил, обвинет за негово злоставување и на уште три млади момчиња.

Осомничениот, идентификуван само како Александре, наводно го тортурирал и убил 91-годишниот католички свештеник Роџер Матасоли во неговиот дом во Ањец, во северот на Франција на 4 ноември минатата година.
Момчето му го закачило крстот во грлото на свештеникот кој така се задавил. Сторителот по апсењето првично беше испратен во клиника за ментално здравје, каде што престојуваше два месеци до официјалното покренување на обвиненија оваа недела.

Александре беше приведен од полицијата додека се обидуваше да побегне од местото на злосторството и беше обвинет за тортура, убиство и давање на отпор при апсење. За време на истрагата, осомничениот рече дека не се сеќава на ништо од настанот, но има јасен мотив за неговиот напад.
Александре е едно од четирите момчиња за кои Матасоли е обвинет за сексуално злоставување од 1960 до 2000 година, иако властите се сомневаат дека има повеќе жртви кои сè уште не излегоа со нивни обвиненија.

И, всушност, злоупотребите датираат уште од таткото на сторителот Александре, за кој исто така се тврди дека бил жртва на злоставувањата на Матасоли.
Според британскиот дневен весник „Сан“, дедото на Александре се самоубил кога дознал за злоупотребите што ги претрпело неговото семејство од страна на свештеникот педофил.

Самиот Александре се обидел да се самоубие во минатото, додека член на семејството пријавил дека злоупотребите кон него започнале од шест до петнаесет годишна возраст.

Но, и покрај обвиненијата против него, Матасоли беше во управата на црквата до минатата година.

Бискупот од Бовеа, Жакес Беноа-Гонин, инсистира на тоа дека Матасоли бил отстранет црковните функции уште во 2009 година кога се појавиле обвиненијата, а тоа дека тој продолжил да прима плата од црквата било „техничка грешка“.
Уште од 1967 година, Моатасоли беше менуван од една на друга црковна позиција, поради обвиненијата за злоупотреба.