x

Бруклин Нетс се раздели со тренерот

Раководството на Бруклин Нетс и тренерот Кени Аткинсон, спогодбено го раскинаа договорот, соопштија од клубот. Тимот ќе го предводи досегашниот помошник на Аткинсон, Жак Вон додека не се најде друго решение.

Аткинсон е во Бруклин пред почетокот на сезоната 2016/2017. Во оваа сезона Бруклин игра под очекувањата, со досегашен биланс од 28 победи и 34 порази.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата