Родителската двојка ги напуштила своите две малолетни деца на аеродромот во Кина, откако на нивниот син кој имал температура му било забрането да лета бидејќи во земјата вирее новиот смртоносен коронавирус.

Родителите  без размислување ги напуштиле синот и ќерката и избегале од градот Нанџинг, каде, како и во многу други градови, се заканува смртоносниот коронавирус, од кој починаа повеќе луѓе, пренесува Дејли Меил.

Симптомите на вирусот се температура и респираторни проблеми,  а во обид да го спречат ширењето на вирусот, кинеските власти ги заострија контролите на аеродромите.

Локалните медиуми објавија дека децата на крајот се качиле на некои од домашните летови.