Минатата година во Јапонија имало 20.196 самоубиства, што е најмал број откако земјата почна да ја води статистиката во 1978 година, покажуваат полициските податоци објавени од ТВ-каналот НХК.

Досега најмал број самоубиства е регистриран во 1981 година, кога се самоубиле 20.434 лица. Почнувајќи од 1998 година, годишниот број на самоубиства почна да надминува 30.000, достигнувајќи до 34.000 самоубиства во 2003 година. Сепак, од 2012 година бројот постојано се намалува.

Повеќето од оние што прибегнуваат кон таквата мерка се мажи – 14.078. Највисоко ниво на самоубиства на 100.000 лица е регистрирано во префектурите Јаманаши, Ивате и Акита. Јапонската влада има цел да го намали бројот на самоубиства до 13 до 2025 година, што ќе ја доближи до земјите како Германија и САД.

извор: Makfax