Според податоците на сајтот „Ворлдометерс“, бројот на заразени со Ковид-19 во светот достигна 22 милиони. Од нив починале над 770 илјади, а оздравеле близу 15 милиони луѓе.

Во моментов има над 6,5 милиони активни случаи, а во критична состојба се 64.000 заболени.

Најмногу заразени и починати и натаму има во САД, а на второто и третото место се Бразил и Индија.

Во август, бројот на заразени лица се зголемува за еден милион речиси на секои четири дена. Бројката од 21 милион заразени беше достигната ноќта меѓу 13 и 14 август.