Бројот на заразени со коронавирус за еден ден во Кина е помалку од 100 за прв пат од 21 јануари, соопштија денеска кинеските власти.

Националната здравствена комисија објави дека се регистрирани 99 нови случаи, од кои 74 се во покраината Хубеи.

Во таа провинција, која е жариште на заразата, 28 лица починаа во петокот.

извор: Makfax