Од почетокот на пандемијата во Македонија, со коронавирус се заразиле 13.076 лица.

Според податоците на министерството за здравство,вкупната бројка на оздравени пациенти е 9.625, на починати е 551, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.900.

Вчера беа регистрирани 108 новозаразени од кои најмногу во Скопје (45) и Куманово (18), каде во моментов има и најмногу активни случаи на коронавирус.

Хоспитализирани се 353 лица.

извор: Makfax