Бројот на загинати при налетот на ураганот Флоренс на источниот брег на САД, се искачи на 37, додека 15.000 луѓе се наоѓаат во засолништа. Околу 200 илјади граѓани останаа без струја ширум Северна Каролина.

Гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер изјави дека се уште се чувствуваат последиците од силната бура. ,, Иако повеќе нема силни дождови и сонцето полека се појавува во делови на земјава, сепак нивото на реките продолжува да расне и очекуваме нови поплави”, изјави Купер.

Тој апелираше до илјадници евакуирани граѓани да бидат трпеливи и да не се враќаат во домовите.

извор: Makfax