x

БРОЈКИТЕ ПОТВРДУВААТ: Без навивачи, екипите во Бундеслигата победуваат трипати помалку кога играат дома

Екипите во германската Бундеслига на рестартираниот шампионат без присуство на гледачи на трибините почнаа да губат многу почесто на своите стадиони.

По продолжувањето на Бундеслигата на 16 мај, домаќините освоија 14,3% од натпреварите (2 од 14). Пред суспензијата на сезоната, тие победуваа во 43,3% од случаите (97 од 224)“, вели статистиката.

Денеска на 4 средби од 27. коло во Бундеслигата ниту еден домашен клуб не успеа да победи. Имаше три гостински триумфи и едно реми.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата