Минатата недела се регистирани повеќе оздравени пациенти од КОВИД-19, отколку нови позитивни случаи. Се намалува и бројот на смртни случаи, а бројот на тестирања бележи тренд на зголемување.

Според Институтот за јавно здравје, од 10 до 16 август се направени вкупно 11.605 тестирања што е повеќе за 2 062 или 17,8 проценти споредено со претходната недела.

Од направените 11.605 тестирања, нови позитивни на вирусот се 902 односно 7,8 отсто што е тренд на континуирано намалување во однос на претходните недели кога се движеше од 10 отсто, 9,4 и 8,6 проценти.  Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (251 или 27,8 отсто) и Куманово (125 или 13,6 проценти). Во 18 градови во земјава, во наведениот период бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Во однос на старосната структура, регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години, голем е бројот на заболени од 30 до 39 години, и од 50 до 59, додека најмалку регистрирани случаи има кај децата од 0 до 9 и од 10 до 19 години.

Според министерот за здравство, Венко Филипче, и натаму треба да ги почитуваме мерките за заштита, да бидеме одговорни и да се грижиме за сопственото здравје, но и за здравјето на нашите најблиски.

– Задолжително да носиме заштитна маска, често да ги миеме рацете и да одржуваме физичка дистанца, напиша Филипче на својот фејсбук профил.

Вчерашниот биланс на Министерството за здравство покажа нови 108 случаи на Ковид-19, двајца починати и 112 оздравени.

Од новите случаи во Скопје се 45, во Куманово 18, во Дебар еден, во Штип 11, во  Прилеп и Свети Николе по три, во Тетово, Струмица и Виница по два, во Струга, Делчево и Велес по четири, а во Гостивар девет.

Вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата е 13.076, оздравени се 9.625, починале 551 лице, а во моментов бројот на активни случаи е 2.900.

Комисијата за заразни болести вчера донесе одлука за воведување задолжителен ПЦР тест за патниците од Косово кои минуваат низ земјава. Транзит-патниците ќе треба да покажат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Овој предлог ќе биде доставен до Владата

Состојбата по градови е следна:

• Скопје 5502, активни 917

• Куманово 1312, активни 301

• Дебар 227, активни 67

• Штип 1072, активни 249

• Прилеп 373, активни 42

• Тетово 1155, активни 155

• Струга 529, активни 175

• Велес 247, активни 28

• Битола 187, активни 68

• Охрид 315, активни 72

• Кавадарци 161, активни 106

• Гостивар 687, активни 296

• Гевгелија 31, активни 13 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 7 на Богданци)

• Струмица 54, активни 25

• Крива Паланка 30, активни 5

• Радовиш 38, активни 10

• Крушево 16, активни 1

• Кочани 128, активни 27

• Пробиштип 71, активни 19

• Демир Хисар 60, активни 36

• Македонски Брод 65, активни 36

• Пехчево 8, активни 2

• Берово 17, активни 8

• Валандово 7, активни 1

• Виница 58, активни 43

• Делчево 18, активни 13 (5 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 15, активни 1

• Свети Николе 264, активни 55

• Кичево 247, активни 116

• Ресен 146, активни 1

• Неготино 36, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Активни случаи по општини Скопје (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 126

• Аеродром – 116

• Гази Баба – 116

• Карпош – 92

• Центар – 86

• Кисела Вода – 81

• Бутел – 68

• Ѓорче Петров – 64

• Шуто Оризари – 45

• Студеничани – 30

• Сарај – 28

• Арачиново – 17

• Илинден – 12

• Сопиште – 10

• Чучер Сандево – 7

• Петровец – 7

• Зелениково – 5

• Странец – 3

• Нераспределен – 4