Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи со Ковид-19 и тоа најмногу во Скопје 11. Во Куманово има 2, Прилеп – 9, Тетово – 2, Велес – 3 и Валандово – 1.

Со новозаболените 28 случаи, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјава изнесува 1.259. 

По градови ситуацијата е следна: во Скопје – 422,  Куманово – 342, Дебар – 51, Штип – 34, Прилеп – 126, Тетово – 62, Струга – 55, Велес – 62, Битола –17, Охрид –15, Кавадарци – 4, Гостивар –13, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино – 2, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево – 1 и Валандово – 1.