x

“Бронзениот“ Аземи на прием во Агенцијата за млади и спорт! (ФОТО)

agencija-za-mladi-i-sport

По повод освојувањето на бронзениот медал на младинското Европско првенство во бокс, минатиот викенд во Будва, Агенцијата за млади и спорт организираше прием за нашиот медалист Ардијан Аземи. Директорот на АМС, Наумче Мојсоски со пригодни зборови го поздрави боксерот Аземи. Тој кажа дека ова е голем успех за македонското борење и дека му посакува и во иднина добри резултати и успешни настапи на Аземи на меѓународна сцена претставувајќи ја Македонија.

На приемот беше и првиот човек на Боксерската федерација на Македонија, Примислав Димовски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата