Според нивната оценка, веројатноста дека нацијата во наредните месеци ќе заврши во банкрот изнесува 93 проценти.

Венецуела го зазема првото место кога станува збор за парите што мораат да ги платат инвеститорите за да се обезбедат од евентуалното пропаѓање на обврзниците, ако нацијата се најде во ситуација во која повеќе не може да ги сервисира долговите.

За осигурување на венецуелските обврзници кои се издаваат на пет години, а вредат 10 милиони долари, инвеститорите мораат однапред да платат 5,9 милиони, плус половина милион на година.

Уште летоска, пред глобалниот пад на цените на нафтата, осигурувањето во случај на банкрот чинело 894,000 долари.