x

Бродот на Арсенал тоне со екстремна брзина, пораз и од Евертон (ВИДЕО)

everton-radost

И седми меч во серија Арсенал останува со празни раце во Премиер лигата. Да биде трагедијата поголема, момците на Микаел Артета го претрпеа и четвртиот пораз во последните 5 настапи во англиската елита.

Вечерва на „Гудисон Парк“, Евертон ги освои трите бода победувајќи против „топчиите“ со 2:1. Автоголот на Холдинг во 22. минута му донесе водство на Евртон од 1:0, но Пепе од пенал успеа на десет минути пред крајотна полувремето да израмни.

Во самата завршница на првото полувреме, домашните погодија со голот на Мина и поведе со 2:1, а водството успеа да го задржидо крајот на мечот.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата