Српската премиерка, Ана Брнабиќ изјави дека не гледа никаков знак за постигнување на компромис со Приштина, но мора да дојде до тоа, доколку Србија сака да стане членка на Европската Унија.

Таа за телевизија „Пинк“ изјави дека Белград и Приштина се сѐ подалеку од изнаоѓање на компромисно решение, пред сѐпоради таксите од 100 проценти, воведени на производите од Србија, формирањето на косовската војска, но и најавите за бришење на границата помеѓу Косово и Албанија.

„Мислам дека се оддалечуваме од компромисот“, изјави Брнабиќ.

Додаде дека замрзнатиот конфликт со Приштина значи оти Србија не може да стане членка на ЕУ, истакнувајќи дека косовското прашање мора да биде решено, а решението е во постигнување на компромис што ќе ги гарантира мирот, стабилноста и подобрувањето на условите за живот на Србите на Косово.

Наведувајќи дека Србија е во одлична позиција, бидејќи нејзин главен преговарач е шефот на државата, Александар Вучиќ, таа изјави дека српската влада ќе помогне колку што може.

 

извор: Makfax