Бритни Спирс не се чуствувала добро и размислува  за повлекување од сцената, пишуваат странските медиуми, а сега нејзиниот син Џејден ја шокираше јавноста.

13-годишниот син на поп иконата, кој Бритни го доби со поранешниот сопруг, танчерот Кевин Федерлин (41), на Инстаграм најавува дека ќе открие што се случува со неа и сите нејзини тајни, во замена за нови следачи.

Што точно се случува со мојата мајка? Ќе ви ја раскажам целата приказна за неа кога ќе ме заследат 5.000 луѓе на Инстаграм. Како ќе станувам попопуларен, така ќе откривам повеќе детали за Бритни, порачал тој и додал дека не знае дали пејачкта ќе снима нови песни, ниту пак дека забележал дека прави нешто по тоа прашање, откако ја завршила концертната турнеја.