Бритни едвај чека да стане мајка
Бритни пак им напиша писмо на фановите на својата интернет страница. Овој пат повод беше Денот на благодарноста, а писмото е посветено на нејзината мајка. “Многумина сметаат дека треба да бидеш постар за да имаш деца. Јас имам кариера од својата шеснаесетта година, го прошетав целиот свет и ја бакнав Мадона! Единствена работа која не сум ја пробала до сега, а е најблиску до Бога, е да добиеш дете. Не можам да го дочекам тоа”, вели Бритни во писмото. Објаснува дека нејзините деца треба да и се нејзина целодневна работа и не сака да им ги остава на дадилки. Откако е дома последниве неколку месеци, временски се чувствува “побогато отколку кога и да е” и поисполнета. Поп принцезата научи и да готви. “Готвењето е како мајчинство. Можеш да бидеш добар и без некое големо знаење. Само мораш да го слушаш својот инстинкт” порачува таа.