Британец и негов пријател од Франција исчезнале во Австралија, по што започнала потрага, пренесуваат австралиските медиуми.

Потрагата почнала кога минувачи пронашле предмети кои им припаѓале на Хуг Палмер и Ерван Ферокс, двајцата 20-годишни, на плажа северно од Сиднеј, соопштиле властите.

Полицијата ја пребарала плажата Шели бич и открила дека момчињата изнајмиле автомобил во кој биле пронајдени и други лични предмети што им припаѓале.

И покрај сите напори на полицијата да ги пронајде туристите, не нашле никаква трага која би им помогнала да ги најдат.

Според информациите од австралиските медиуми, момчињата во регионот стигнале во неделата.

извор: Makfax