Британскиот премиер, Борис Џонсон, веќе не е на одделот за интензивна нега.

Од неговата канцеларија известија дека тој се чувствува многу добро.

„Премиерот е пренесен од одделот за интензивна нега во одделение каде ќе биде внимателно набудуван за време на неговата рана фаза на закрепнување“, рече портпаролот на неговата канцеларија  за БиБиСи.

Пред три дена, Борис Џонсон, беше префрлен во одделот за интензивна нега во лондонската болница заради влошување на симптомите. Тој доби терапија со кислород, но не беше спроведен на респиратор.

извор: Makfax