Британските пратеници го поддржаа предлог-законот со кој се одобрува почетокот на преговорите за Брегзит, со што овој закон ја помина првата голема препрека.

„За” предлог-законот гласаа 498 пратеници, а 114 беа „против”.

За време на дводневната дебата во Долниот дом, мнозинството пратеници, како од редовите на позицијата, така и од опозицијата, посочија дека ќе ја почитуваат одлуката на гласачите од 23 јуни минатата година за тоа Велика Британија да ја напушти Европска унија.