Националната агенција за борба против криминалот на Велика Британија (НЦА) дека уапсила ирански државјанин и државјанин на Велика Британија под сомнение за организирање трговија со мигранти преку Ламанш, пренесува „Спутник“.

„Агентите на НЦА вечерва (2 јануари) во Манчестер уапсија 33-годишен ирански државјанин и 24-годишен Британец под сомнение дека го организирале нелегалното движење на мигрантите низ Англискиот канал кон Велика Британија. Истрагата е во тек “, се вели во изјавата на НЦА.

Според британските медиуми, од ноември минатата година 239 луѓе се обиделе да го преминат каналот со брод кон Обединетото Кралство. Многу луѓе се удавиле за време на опасното патување. Некои мигранти, наводно, плаќаат и до 10.000 фунти за да бидат внесени во Обединетото Кралство.

Претходно неделава, министерот за внатрешни работи на Обединетото Кралство, Саџид Џавид, се согласи на заедничка акција за справување со илегалната миграција на Англискиот канал со францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастање. Покрај тоа, Џавид побара поддршка од британската Кралска морнарица за справувањето со кризата.

извор: Makfax